Qatar Airways загуби 4,1 милијарди долари поради пандемијата

21

Авиокомпанијата Qatar Airways објави дека загубила 4,1 милијарди долари минатата година, бидејќи пандемијата ковид драстично го намалила бројот на патувања со авион.

Големата загуба, за која се вели дека главно се должи на слетувањето на флотата на авиони А380 и А330, го покажува драматичното влијание на пандемијата врз воздухопловната индустрија, пренесе Танјуг.

Меѓутоа, Qatar Airways ја истакна својата издржливост среде тековните предизвици создадени од ковид низ целиот свет, проценувајќи дека оперативната загуба изнесува 288 милиони долари, што е за седум проценти помалку од минатата година.