Qiddiya – првиот воден парк во Саудиска Арабија вреден 750 милиони долари

Саудиска Арабија моментално минува низ огромна економска трансформација која вклучува мега проекти како Neom, Red Sea Project и The Line, меѓу другите.

Во стратегијата предвидена да се спроведе до 2030 година, гледаме и Qiddiya – воден парк вреден 750 милиони долари. Амбициозниот проект изгледа возбудливо и навестува што можеме да очекуваме во иднина.

Qiddiya ќе се гради во предградијата на Ријад. Вклучува тематски воден парк, терен за голф и уметнички комплекс.

Во февруари, Qiddiya Investment Company додели договор од 2,8 милијарди саудиски риали (746,6 милиони американски долари) на заедничко вложување на Alec Saudi Arabia Engineering and Contracting и El Seif Engineering Contracting за изградба на првиот и најголемиот воден забавен парк во кралството, пренесува National News.

Паркот ќе се наоѓа на 22,5 хектари земја и ќе биде дом на 22 тобогани и атракции – вклучително и девет кои ќе бидат „први во светот“. Ќе се протега на девет зони инспирирани од животни кои ги населуваат терените околу Qiddiya.

Некои од лизгалките ќе бидат дизајнирани да користат 75% помалку вода во споредба со традиционалните модели.

Планирано е Qiddiya да привлекува до 17 милиони туристи годишно до 2030 година.