Фото: Kickstarter
Quartz bottle е шише за вода што може да се полни со вода повеќе пати и да ја чисти водата користејќи ја технологијата на UVC LED светло. Шишето елиминира 99,9% од бактериите во водата и ја одржува ладна 24 часа.
За да се активира технологијата, корисникот треба само да притисне едно копче на капачето од шишето и UV светлото започнува со елиминирање на штетни бактерии и вируси. Функцијата за пречистување се активира автоматски на секои четири часа, обезбедувајќи чисто шише и свежа вода.
“663 милиони луѓе во светот живеат без безбедна вода за пиење. Ние веруваме дека технологијата и дизајнот имаат способност да ги трансформираат животите. Затоа, постојано ги истражуваме иновативните начини на работа со непрофитни организации за да ја доведеме нашата основна технологија на милиони кои имаат потреба од пристап до чиста вода“, велат креаторите на иновативното шише.
Quartz bottle е поставено на платформата за групно финансирање Kickstarter од каде треба да собере 30.000 долари. До крајот на кампањата остануваат 29 дена, а веќе има собрано 188.149 долари.