Quattro Stagioni – еден малку поинаков лустер

37

luksuz-osvetljenje-dizajn-dekor-de-majo (1)Италијанската компанија De Majo има традиција во креирање на специфични парчиња мебел. Нивната цел е да ги поттикне и останатите дизајнери од полето да размислуваат на еден малку поинаков начин, користејќи ја својата фантазија.

Така, De Majo го изработи првиот асиметричен лустер на светот наречен Quattro Stagioni. Овој шарен лустер на четири нивоа е обложен со 24 каратно злато, а секое ниво ја претставува природата на годишните времиња.

Лустерот е висок 3 метри, тежок 140 килограми, а секое ниво има шест држачи на кои можат да светат дури 72 минијатурни светилки. Quattro Stagioni е изработен од 370 Murano кристални елементи во разни бои.

Рачките на лустерот тука имаат улога на гранки, а истите се декорирани со Murano стаклени цветови, лисја и лед кои совршено ги отсликуваат годишните времиња.

На дизајнерите Франческо де Роси и Роберто Асенца најверојатно инспирација за овој невообичаен лустер им била истоимената композиција на Вивалди, Четири годишни времиња (Quattro Stagioni).

Цената е прилично висока и изнесува 151.250 евра, а и самиот лустер поради неговиот изглед е наменет за луксузен простор кој наликува на палата.

luksuz-osvetljenje-dizajn-dekor-de-majo (2)luksuz-osvetljenje-dizajn-dekor-de-majo (3)luksuz-osvetljenje-dizajn-dekor-de-majo (5)luksuz-osvetljenje-dizajn-dekor-de-majo (7)luksuz-osvetljenje-dizajn-dekor-de-majo (8)luksuz-osvetljenje-dizajn-dekor-de-majo (11)