Работа од дома, препорачуваат властите во земјава

201

Како дополнување на мерките на властите за намалување на ширење на коронавурисот во земјава, е препораката до сите работодавачи таму каде што е можно да се организира работа од дома.

Владата, како што се наведува, им препорачува на сите работодавачи во Република Северна Македонија, односно на секое раководно лице во институциите, во зависност од типот на работата и можностите, да ја организира работата и начинот на работата на вработените лица преку работа од дома, без да се наруши редовното и нормалното функционирање на институцијата.

На оваа седница Владата донесе Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за мерки за  спречување на внесување и ширење на коронавирусот со којашто се затворааат сите копнени гранични премини во Република Северна Македонија за премин на патници и возила, освен граничните премини Табановце, Деве Баир, Ќафасан, Богородица и Блаце. На граничните премини кои се затворени за премин на патници и возила, се дозволува исклучиво премин на товарни возила.

На следните линкови можете да ги преземете:

Нацрт записник со сите заклучоци од 19-тата седница на Владата на Република Северна Македонија одржана на 19 март 2020 година, тука.

Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на коронавирусот, тука.

Фото: Pexels