Работа за граѓаните на земјите од Отворен Балкан без визи и работни дозволи

190

Граѓаните на Србија, Северна Македонија и Албанија од септември ќе можат слободно да пристапат до единствениот пазар на труд, благодарение на поврзувањето на националните електронски системи на тие земји како дел од иницијативата „Отворен Балкан“, изјави директорот на српската Канцеларија за ИТ и е-Управа, Михаило Јовановиќ.

Тој за  „Вечерње новости“ објасни дека граѓаните ќе имаат можност да се вработат во една од тие три земји без никакви дополнителни документи, работни визи и посебни дозволи.

Зборувајќи за пазарот на информатичко-комуникациските технологии (ИКТ) во Србија, Јовановиќ рече дека во таа област во моментов се вработени 92.000 луѓе, но дека пазарот сè уште е „гладен“, односно има „огромен дефицит во тој сектор“.

„Очекуваме дека извозот на ИКТ секторот годинава ќе надмине 2,5 милијарди евра и е поголем од извозот на земјоделството“, рече тој.