Работат од дома и се исто продуктивни како да работат од канцеларија

81

Мнозинството Канаѓани кои работат од дома, се подеднакво продуктивни како и во канцеларија, а многу од нив би сакале и после пандемијата да продолжат да работат од дома, барем половина од работното време.

Скоро една третина (32%) од вработените во Канада или 3,1 милион лица работа од дома од почетокот на годината, наспроти помалку од 4% во 2016 година, се наведува во студија на канадскиот институт за статистика.

90% од испитаниците рекле дека се исто продуктивни како и претходно. Од оние кои сега почнале да работат од дома, 58% велат дека работат приближно исто како и во канцеларија, а 32% работат и повеќе. Околу 10% од испитаниците навеле дека работат помалку одошто кога работат во канцеларија.

Продуктивноста на работата од далечина била поголема во јавната управа, посебно во здравството.

Институтот не наведе голема разлика меѓу мажите и жените, ниту разлика по возрасната, образование, брачниот статус или некоја друга поделба.

Околу 80% од вработените од дома би сакале да продолжат да работат така и по завршување на пандемијата.

Фото: Pexels