Работата од дома ќе генерира 160 милијарди долари во БДП на САД годишно

48

Расте бројот на луѓе во САД кои и во иднина ќе работат од дома, а ако висококвалитетниот пристап до интернет им биде достапен на сите Американци тоа би можело да доведе до одржлив раст на продуктивноста на работниците и зголемување на економската активност за околу 160 милијарди долари годишно.

Тоа е главен заклучок од студијата од Аспен група за економски стратегии од Вашингтон.

Пред пандемијата, работата од дома имаше удел од околу 5% во вкупниот фонд на работни денови. Тој процент е зголемен во текот на пандемијата бидејќ Американците останаа во своите домовите за да ја избегнат заразата, пренесува Ројтерс.

Иако тој удел можеби ќе се намали, се очекува во иднина да биде околу 20% од вкупниот фонд на работни денови.

Еден од заклучоците на студијата е дека подобриот пристап до интернет би ѝ помогнал на економијата да стане поотпорна на идните глобални катастрофи што бараат ограничување на патувањата и намалување на социјалните контакти.

Фото: Pexels