Работата од дома не им направи проблем на германските компании

40

Германските компании скоро и да не забележаа некоја голема разлика во работењето поради работа од дома, покажува истражувањето на Институтот Ifo (Institute for Economic Research).

Институтот, чие седиште е во Минхен, спровел анкета меѓу 1.188 директори и шефови во соработка со консултантни од агенцијата Mercer Promerit и иницијативата Жени во надзорни одбори, наведува Ifo во соопштението доставено до Танјуг.

Од вкупниот број на анкетирани компании, 84% одговориле дека преминот на работа од дома не бил тежок.

Потешкотиите на кои наидувале најчесто биле резултат на неисполнети технички барања (55%).

Испитаниците како негативна карактеристика на работата од дома ја наведуваат отежнатата комуникација меѓу вработените (54%), недостигот на координација (40%), потешкотии при балансирање на работните обврски, семејниот живот и грижата за деца (40%), како и поголема оптовареност и стрес на вработените (30%).

Многу помал процент од нив као хендикеп на работата од дома ја навеле ниската мотивација (19%) и недостигот на ИТ вештини (18%).

Иако 44% од менаџерите не регистрирале влошување на резултатите од работа од дома, 37% од рекле дека резултатите се полоши, дури и меѓу компаниите коишто немале потешкотии да преминат на работа од дома.

Само 18% навеле дека резултатот од работа од дома е подобар од оној остварен во канцеларија.

Дури и пред пандемијата, уделот на жени кои работат од дома (12%) бил нешто поголм одошто кај мажите (10%). И двата сега имаат пораст, кај жените од 30%, а кај мажите 26%.

Фото: Freepik