Работи што шефовите не треба да ги прават само затоа што им се може

36

sef

Фото: Pixabay

Вие сте шефот. Бизнисот е Ваш, па можете да правите што сакате? Технички, да, сè додека е во рамките на законот. Но, не треба да направите нешто само затоа што ви се може. Прочитајте пет работи што треба да престанете да им ги правите на Вашите вработени, иако се легални.

1. Да ја проверите биографијата на личноста откако ќе ја вработите

Ова почна да се практикува се повеќе и повеќе. Сите бизнисмени се во трка со времето и не посветуваат внимание на хартиите, па вработуваат лица без убаво да им ја проверат биографијата. Ќе ги вработат и потоа по една недела ги отпуштаат затоа што не ги задоволуваат потребните квалификации.

2. Да ги принудите сами да си дадат отказ

Во голема заблуда сте ако мислите дека сте добар бизнисмен ако им давате на вработените можност сами да си поднесат отказ. Ако некој вработен заслужува да биде отпуштен и имате силни причини за тоа, тогаш сторете го тоа. Кога не сте задоволни од работата што ја извршува или едноставно не ви се допаѓа карактерот на вработениот, тогаш подобро е да му дадете отказ, отколку да го принудите самиот да си поднесе отказ.

3. Да им дадете поголема плата на нововработените од лојалните што се подолго време во фирмата

Вистина е дека е полесно да се задржи вработениот, отколку да убедите некој друг да ја напушти работата и да дојде да работи кај вас. Исто така вистина е дека и пазарните стапки континуирано се менуваат и дека сите вработени не вршат иста работа и не земаат иста плата. Сите луѓе имаат различни вештини и различна експертиза и искуство. Но, доколку на нововработениот му понудите значително поголема плата од тој што долги години работи кај вас и ви е лојален, тоа е сигурен знак дека треба да му ја зголемите платата и на него. Не се однесувајте со постоечкиот кадар лошо, само затоа што можете.

4. Да давате лажно мислење за ефикасноста во работењето

Доклку вработениот сте го пофалиле за добрите перформанси и по три месеци сакате да го отпуштите под изговор дека не ја извршува работата, значи дека не сте искрен и дека нешто друго е причината. Ако на новиот менаџер не му се допаѓа личноста или сте ја ветиле работната позиција на некој друг, тогаш кажете ја вистината. Ако лошите перформанси се вистинската причина за отказот, тогаш не би ја пофалиле личноста. Секогаш бидете искрени и соопштете ја вистината.

5. Да одбиете да дадете копии од документите

Ако побарате од вработениот да потпише некој документ веднаш, без да му овозможите да разговара со адвокат претходно, тоа покажува на нелегалност во работењето.