Работи што вашиот шеф ги забележува

423

Секој работодавец ќе цени ако секое утро доаѓате неколку минути порано на работа, но ако не можете, барем пристигнувајте на време на работа. Овие работи ги забележува вашиот шеф:

Кога доаѓате во канцеларија

Секој работодавец ќе цени ако секое утро доаѓате неколку минути порано, но ако не можете барем пристигнувајте на време. Никој не сака луѓе кои доцнат.

Кога заминувате од канцеларија

Како што наутро не е паметно да доцните, така не е паметно и порано да заминувате. Можеби ви се чини дека никој не забележува, но верувајте тој секогаш знае кога сте си заминале. Ако веќе морате да заминете, тогаш разговарајте со него.

Како се облекувате

Дури и ако деловниот изглед не е ваш стил, треба да се прилагодите на политиката на компанијата. Сите останати модни комбинации оставете ги за вашето приватно време.

Колку долго користите пауза

Ако имате пауза од половина час, тоа не значи 35 минути. Тоа значи точно 30 минути.

Како управувате со времето

Важно е да одредите приоритети и да се држите до роковите, а сè што може да направите и пред истек на рокот направете, вашиот шеф тоа ќе го цени.

Како се вклопувате во средината

Секој од нас има право на лош ден, но луѓето кои не можат да се согласат со останатите колеги не се пожелни. Вашиот шеф сака да види дека сте тимски играч.

Фото: Pixabay