KARIERA.mk организира настан на 30.03.2023 во Skopje Marriott Hotel за сите маркетинг експерти и ентузијасти, претприемачи и љубопитни поединци кои сакаат да слушнат нови идеи и практични решенија за совршениот брендинг за една компанија!
Предавач на работилница ќе биде Kremena Yordanova, Director Marketing Activations во Adidas Амстердам, професионалец со долгогодишно искуство во маркетинг светот која во своето портфолио брои одлични проекти и кампањи за Reebook и Adidas. Работилницата ќе содржи предавања и работа на практични предизвици и решенија како да стигнете до совршен брендинг, како и совети за она што функционира или пак не функционира во овој модерен и брз свет.
Агендата за настанот вклучува две сесии со интересни теми и пауза за вмрежување, каде учесниците на настанот ќе имаат шанса да се дружат и да разменуваат контакти и мислења на темата.
Влезници за настанот може да набавите ТУКА.