Работна недела од четири дена – рецепт за подобро работење?

43

Со цел да се задржат најдобрите вработени и да се спречи таканаречено “прегорување“, одредени компании применуваат различни тактики. Една од нив е и скратена работна недела, со тоа што секоја фирма го прилагодува на начин што им одговара.

Според експертите, скратената работа недела овозможува подобар баланс помеѓу приватниот и професионалниот живот, вработените имаат повеќе време да соберат енергија и се поефикасни во извршување на своите задачи.

Некои за сметка на слободниот петок работат малку повеќе четири дена во неделата, други имаат вкупно 32 работни часови неделно, трети го даваат секој втор петок слободен и слично.

Една од компаниите што тестира четиридневна работна недела е ланецот на ресторани во САД, Shake Shack. Исто така, на ова се приклучува и софтверската компанија Wildbit во којашто вработените работат 32 часа неделно.

За нив со ваквиот начин на работа не се губи ништо, напротив попаметно се завршуваат обврските. Она што е најважно кај четиридневната работна недела е да се постават јасни и мерливи цели.

Free Fridays или слободни петоци се составен дел од компанијата Cockroach Labs со седиште во Њујорк уште од 2015 година, пишува CNN. Таа подоцна го смени и името во Flexible Fridays со цел да се приспособи на клиентите и партнерите кои работеа пет дена неделно.

Експертите советуваат дека доколку бизнисите сакаат да ги задржат најдобрите работници треба да размислуваат за слични тактики. Во спротивно ќе останат без способниот кадар зошто некој друг ќе им понуди подобри услови.

Фото: Pixabay