Во Струмица денеска ќе се одржи работна средба за подобрување на дијалогот и зацврстување на кооперантските односи на преработувачите со добавувачите на суровини – примарните земјоделски производители.
На средбата меѓународниот експерт Бит Ходлер ќе ги презентира меѓународните искуства за договорни односи и производство.
Средбата е во рамки на поддршката која Швајцарската програма за промоција на увозот (SIPPO) и ја обезбедува на Македонската асоцијација на преработувачи (МАП). Оваа активност ќе се спроведува преку организирање на 3 регионални средби со учество на преработувачи и нивни сегашни и потенцијални кооперанти. Првата веќе се одржа во Кочани, а следниот работен состанок треба да се одржи на 7 март во Негорски бањи, Гевгелија.
Целта е да им го доближи принципот на долгорочно планирање и посилна вертикална интеграција на вредносниот синџир за преработка на зеленчук, како и стабилизирање и сигурно снабдување на суровина за преработувачите. Ова активност има за цел и да ја подобри веќе воспоставената соработка меѓу фармерите и преработувачите и да придонесе за зголемена конкурентност, но и постабилни приходи за сите учесници во овој вредносен синџир.
Почетна Новости Македонија Работна средба за подобрување на дијалог кај примарните земјоделски производители