Работниците на Google основаат глобален синдикален сојуз

52

Работници од целиот свет на Google основаат синдикален сојуз, објави глобалната федерација на синдикати од услужниот сектор – UNI Global Union.

Alpha Global ќе се бори за правата на работниците вработени на неодредено и одредено време во земји како што се САД, Швајцарија, Шведска и Велика Британија, соопшти UNI Global Union, што помогна во неговото основање.

UNI Global Union застапува околу 20 милиони работници во услужни сектори во повеќе од 150 земји во светот.

“Проблемите во Alphabet… не се ограничени на една земја и мора да се решаваат на глобално ниво“, изјави портпаролката на UNI Global Union, Кристи Хофман.

На почетокот на годината, 200 работници во Google основаа малцински синдикат во САД, по повеќегодишни протести, коишто настојуваат да ги подобрат условите за работа.

Согласно американската законска регулатива, компанијата Alphabet може да ги игнорира барањата на синдикатот додека не добие поддршка од мнозинството вработени.

Фото: Freepik