Работниците на H&M во Камбоџа работат за 75 долари месечно

45

Шведската документарна програма Kalla Fakta (The Cold Facts) ја обвини компанијата H&M дека не ги плаќа доволно работниците во своите фабрики во Камбоџа, односно дека ги плаќа само по три крони (0,45 долари) на час, пренесуваат шведските медиуми.

Во програмата е прикажана мајка на три деца која работи 70 часа неделно во текстилна фабрика во Камбоџа што произведува облека за повеќе компании, вклучувајќи ја и шведската H&M. За тоа е платена 500 крони месечно (75 долари), што не и се доволни ниту да ја прехрани фамилијата. Оваа сума е за 25% помала од она што се смета за минимална плата во Камбоџа.

Од прекувремената работа и глад, во фабриката каде што работи жената, за два дена се онесвестиле 250 работници минатата година.

Од H&M порачуваат дека се борат за правата на своите работници, дека ситуацијата би требало да е подобра, но дека промени ќе се постигнат дури откако ќе се воведе траен колективен договор со кој би профитирале сите работници во оваа азиска земја.

Синдикатите во Камбоџа неодамна побараа минималната плата да се зголеми на 131 долар.