Работниците од Западен Балкан можат повторно да аплицираат за работа во Германија

72

Работниците од Западен Балкан можат повторно да аплицираат за работа во Германија по паузата предизвикана од пандемијата Ковид-19.

Имено, како што потврди Доминик Ерентраут, портпарол на Федералното Министерство за труд и социјална работа на Германија, практично сите ограничувања се укинати од четврти јули, кога станува збор за правилото за Западен Балкан.

“Поради пандемијата Ковид-19, германското Министерство за внатрешни работи исто така го ограничи влезот од трети земји на ниво на ЕУ. Овие ограничувања беа укинати и не постојат ограничувања за ниту една од шесте земји опфатени со правилото за Западен Балкан. Ова повторно овозможи вработување во Германија преку Правилата за Западен Балкан. Сепак, треба да се нагласи дека воведувањето на ограничувања е можно во секое време, во зависност од развојот на ситуацијата предизвикана од пандемијата“, објасни Ерентраут за Nezavisne novine.

Што се однесува до Правилото за Западен Балкан, тој објасни дека тоа никогаш не било укинато, особено не откако, како што нагласи, беше продолжено повторно за период од три години на почетокот на годината, односно до крајот на декември 2023 година.

Кога станува збор за можно отворање нови работни места во Германија, во моментов нема соодветни податоци. Како што е објаснето, со оглед на тоа што пандемијата сè уште трае, германските работодавци во овој момент не можат да проценат какви ќе бидат потребите на пазарот на трудот во наредните месеци.

Фото: Freepik