Работодавач за пример – неограничен одмор, акции во компанијата, флексибилно работно време

2

nov-zeland

Старт – ап компанијата за видео игри Rocketwerkz од Нов Зеланд, на вработените им нуди неограничен платен одмор, акции во компанијата, флексибилно работно време и ограничување на платата на сопственикот која може да биде 10% повисока од платата на вториот најплатен вработен, пишува The Guardian.

Сопственикот Дин Хол компанијата ја сместил во градот познат по креативни стартапи Данедин. Откако локалните весници пишуваа за неговата “невообичаена“ компанија, Хол дневно прима 300 апликации за работа.

Во Rocketwerkz минатата година започнале да применуваат методи за борба против стресот во индустријата позната по долгите и напорни работни часови. Во канцелариите имаат мачиња и вработените може да си играат со нив, а секој петок е резервиран за спортски активности во попладневните часови.

Хол, кој инаку е поранешен офицер на воено воздухопловство на Нов Зеланд, вели дека вработените може да земат неограничен годишен одмор.

“Времето поминато во војска ме научи дека луѓето се највреден дел од секоја компанија. Давајќи им на вработените неограничено време да ги решат личните проблеми, тие ќе можат да се вратат на работното место фокусирани и со позитивни емоции“, вели Хол.