Работодавачот го гледа вашето CV само шест секунди – чита четири работи

31

cv

Фото: Pixabay

Добро напишаното CV (Curriculum Vitae) е првиот чекор до посакуваното работно место. Да се напише добра биографија е тешко, затоа што не знаете што најмногу го интересира вашиот иден работодавач.

Одговор на ова прашање дава Бизнис Инсајдер. Според истражувањето, менаџерот на човечки ресурси или работодавачот ја разгледуваат вашата биографија во просек за шест секунди. Во тие шест секунди, се задржуваат на четири работи што им се најбитни:

  1. Име и презиме – основни податоци;
  2. Компанијата во која работите и на која позиција сте. Ако моментално сте без работа, гледаат во која компанија последно сте работеле, на која позиција и колку време сте биле во таа фирма;
  3. Претходно работно искуство;
  4. Образование.

Затоа држете се до следното: внимавајте на визуелната хронологија, бидете јасни и прецизни и избегнувајте да ставате фотографии.