Работодавците во Португалија ќе им плаќаат струја и интернет на оние кои работат од дома

61

Португалскиот парламент усвои нови прописи за работа од дома со цел дополнително да ги заштити вработените кои својата работа не ја вршат во просториите на компанијата.

Новите прописи се одговор на зачестената појава на работење од дома поради пандемијата на коронавирусот. Властите рекоа дека гледаат придобивки од работењето од дома, но сакаат да го усогласат Законот за работни односи.

Како што наведе, се гледаат придобивките од работењето од дома, но потребно е приспособување на законите за работни односи.

Новите прописи предвидуваат и казни за компаниите што ја нарушуваат приватноста на персоналот или нивните семејства.

Дополнително, од работодавците ќе се бара да им ги надоместат на вработените трошоците поврзани со работата од дома, како што се сметките за струја или за интернет.

Компаниите треба да избегнуваат контактирање со вработените надвор од работното време, освен во вонредни околности. Најмалку на секои два месеца работниците треба да се среќаваат со надлежните за да се избегне изолација на работниците, се наведува во новата регулатива.

Компаниите што нема да ги почитуваат прописите ќе се соочат со казни.

Одобрувањето на новите мерки е еден од последните чекори што ќе ги преземе парламентот пред распуштањето поради предвремените избори во јануари.