Работодавец од соништата: Секој вработен на австриска компанија доби бонус од 3.000 евра

99

На почетокот на летото, австриската влада одговори со пакет мерки за борба против инфлацијата, која расте од месец во месец во таа земја.

Една од мерките што ја изгласаа претставниците во Виена е секоја компанија да има можност на своите вработени да им исплати еднократна стимулација, односно бонус, во износ од најмногу 3.000 евра по лице во нето износ.

Сепак, тешко дека дури и една компанија во неизвесна ситуација, поттикната од кризата предизвикана од војната во Украина, ќе прибегне кон оваа можност.

Меѓутоа, една компанија од Штаерска го докажа спротивното. Според „Kleine Zeitung“, фабриката за хартија Brigl & Bergmeister од Никласдорф во Штаерска сега е една од првите компании што го направила овој чекор и плаќа бонус за трошоците за живот од максимум 3.000 евра на секој од нејзините приближно 520 вработени. 1,5 милиони евра одат од касата на компанијата во џебот на работниците, пишува магазинот „Феникс“, пренесе „Вечерњи лист“.

И тоа без никакви одбитоци, бидејќи благодарение на државната мерка премијата е ослободена од даноци, надоместоци и придонеси.

„Значи, бруто за нето“, вели среќно извршниот директор и финансиски директор Максимилијан Лугер.

Ко-извршниот директор, Маркус Баумер сака да им се заблагодари на вработените и дополнително да ја зајакне позитивната работна атмосфера: „И покрај сите тешкотии предизвикани од короната, достапноста на суровини и војната во Украина, никогаш не моравме да ги затвориме погоните благодарение на голема посветеност и многу висока лојалност на нашите вработени“.

Позитивен резултат во првата половина на 2022 година сега овозможува исплата на таа сума.

„Сумата ја искористивме во целост бидејќи ни беше дозволено од претприемачка страна, а можеме и поради општите услови“, вели Бамер.