Раде Кончар ТЕП на најголемиот интернационален саем за енергетика во Дубаи

70

thumbnail_img_5032

Во периодот од 14 до 16 февруари 2017 започнува најголемиот интернационален саем за енергетика во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати, Middle East Electricity 2017.

Под покровителство на Министерството за енергетика, во Дубаи ќе се сретнат најголемите и највлијателни компании од областа на енергетиката за производство, пренос и дистрибуција на електрична енергија, обновливи и нуклеарни извори на енергија.

thumbnail_invitation-middle-east-electricity-2c-dubai

Веќе две години за ред на овој престижен саем учество зема македонска компанија од областа на енергетиката Раде Кончар ТЕП ДООЕЛ-Скопје, презентирајќи ги своите производи и можности пред светски познати компании и инвеститори. Раде Кончар ТЕП е единствена компанија од Македонија која земала учество на овој престижен саем.

За успешноста на компанијата и заинтересираноста на посетителите за производите на компанијата сведочи и фактот дека Раде Кончар ТЕП е избрана компанија на која ѝ е дадена можност да врши презентација на своите производи во два термини секој ден додека трае, пред сите заинтересирани посетители и инвеститори.