Словенечката компанија за производство на минерална вода Раденска неодамна ја презеде безалкохолната програма од хрватски Бадел и веќе размислува за нови можни аквизиции на освежителни пијалоци во регионот, вели за Дело менаџерот на компанијата за Адриа регионот, Мариан Шефчович.
Шефчович додава дека се заинтересирани за безалкохолната програма на Пивоварна Лашко, но и за други брендови од регионот, кои се веќе афирмирани на пазарот.
Чешка Кофола, која од крајот на 2014 година е сопственик на Раденска, е задоволна од остварените резултати во 2015 година. Како што вели Шафчович, задоволни се со приходите, профитот и растот на продажбата. Минатата година Раденска остварила околу 34,6 милиони евра приход, што е 7% повеќе во однос на 2014 година.