Raiffeisen ги продава банките во Полска и Словенија

8

The logo of Raiffeisen Bank International is reflected in the glass of a branch office in Vienna

Управниот одбор на Raiffeisenbank International (RBI) одлучи да ги продаде банките во Полска и Словенија, како и словачката онлајн банка Zuno.

Австриската банка планира да го намали ризичното работење и во потполност се повлекува од овие пазари. Со тоа сака да го подобри капиталот и сака да се ослободи од деловите за кои е врзан премногу капитал, пишува Financial Times.

Банката одлучи да ги намали своите операции во Азија и САД и значително да ја намали својата изложеност во Русија и Украина. Планот е во Русија до 2017 година да го намали ризикот за 20%, а во Украина за 30%.

Билансот за минатата година, за прв пат во историјата на банката, бележи големи загуби. Според прелиминарните бројки, RBI во 2014 имала загуба во висина од 413 милиони евра.