Raiffeisen прогласена за најдобра банка во Србија

38

Raiffeisen_bankRaiffeisen Bank (Рајфајзен банка ад Белград) е добитник на наградата Најдобра банка во Србија за 2013 година, која ја доделува финансискиот магазин Global Finance во рамките на годишниот избор за Најдобри светски банки на развиените пазари и пазарите во развој, јавува Танјуг.

Стручното жири го сочинуваат уредникот на магазинот со седиште во Њујорк, реномирани аналитичари, банкарски консултанти, а критериумите се раст на активата, профитабилност, квалитет на услугите, конкурентност и иновативност на производите.

Освен оваа награда, за остварените резултати во 2013 година, Raiffeisen е наградена и со признание Банка на годината во Србија што и го додели магазинот The Banker.

Raiffeisen Bank е една од водечките банкарски групации во централна и источна Европа, а во Србија е присутна од 2001 година.