Rainworks – уметност со спреј видлива само кога врне

65

Rainworks-008a-1020x610

Rainworks е специјален спреј којшто е видлив само кога ќе заврне дожд, пишува Inhabitat.

Станува збор за идеја на младиот претприемач Перегрини Чрч од Сиетл, САД. Неговиот изум создава уметност, којашто е видлива само кога ќе заврне. Сиетл е град во којшто врне дожд 155 дена во годината, па овој спреј може да е од голема корист при разубавување на околината.

Rainworks-rain-activated-art-lead-1020x610

Rainworks е еколошки спреј што на бетонските површини се задржува два до три месеци, но цртежот може да се отстрани во било кое време.

На глобалната платформа за групно финансирање, Kickstarter, овој спреј беше поддржан со 53.669 долари од страна на 690 поддржувачи.

Rainworks-010-954x610