
Во време кога трошоците за живот во големите градови се зголемуваат, храната добива на полош квалитет, а луѓето сè повеќе отуѓени, многумина бараат алтернативни места за живеење – оние каде што парите траат подолго, а времето тече побавно. Меѓу нив е и Антонела од Загреб, која неодамна се преселила на Сицилија и открила сосема поинаков свет – свет во кој, како што вели, лесно се дише, а уште полесно се живее.
Нејзиното искрено сведоштво стана вирално бидејќи покажува дека животот во Европа може да биде и достапен и исполнет, особено во деловите кои често се неправедно запоставени.
Кафе и појадок – мал трошок, големо задоволство
Антонела објаснува дека може да плати само 2 до 3 евра за кафе и кроасан наутро во локален бар. Еспресото е помеѓу 1 и 1,50 евра, капучиното обично е од 1,20 до 2 евра, додека кроасанот е од 1 до 2 евра, во зависност од филот и локацијата. Во маалските барови и помалите места, цените се уште поповолни.
Еднособен стан во центарот на сицилијанскиот град може да се изнајми за 300 до 500 евра, а надвор од центарот од 200 евра месечно. Антонела живее во Алкамо, каде што трошоците се значително пониски отколку во Палермо, Катанија или Сиракуза. Во помалите градови како Рагуза, Ена или Калтанисета, цената на киријата паѓа уште повеќе.
Вкупни трошоци – убав живот за 1.000 евра месечно
Според пресметките на Антонела, месечните трошоци за едно лице изгледаат вака:
Храна и намирници: 200–300 евра
Комунални услуги (струја, вода, интернет): 100–150 евра
Јавен превоз (месечна карта): 35–45 евра
Од 700 до 1.000 евра месечно се доволни за удобен и мирен живот на Сицилија
Антонела живее во Алкамо Марина, на брегот со долги песочни плажи и тиркизно море. Исто така во близина е и Сан Вито Ло Капо, плажа која личи на Малдивите. Љубителите на природата можат да го истражат Ризерва дело Зингаро, со бројни планинарски патеки, скриени заливи и недопрени предели.
Сицилија е оддалечена околу 1.322 километри од Македонија. Во време кога многумина бараат поквалитетен, помирен и поздрав живот, искуството на Антонела покажува дека такво место навистина постои. И со оглед на тоа што просечниот животен век на Сицилија е 81,6 години, можеби овој остров навистина ја крие тајната на долговечноста.