Рајанер ги покачува цените на авио билетите

78

Поради поскапувањето на горивото, ирската нискобуџетна компанија „Рајанер“ одлучи да ги зголеми цените на авио билетите, изјави денеска шефот на „Рајнер“ во Германија, Андреас Грубер. Поскапување најави и германската Луфтханза.

Како што предвиде, просечната цена на авионски билет најверојатно ќе се зголеми од 40 на 50 евра за пет години.

Во Рајанер се обидуваат да го ублажат влијанието на поскапувањето на горивата со склучување на форвард договори за нивно купување со фиксни цени и купување евтин керозин за акции, но и тогаш не можат целосно да ги избегнат последиците, посочи Грубер.

Според негова проценка, во овие тешки економски услови тие се уште се пред другите конкуренти во индустријата. За време на рецесија повеќе луѓе ќе внимаваат на цената на билетите, смета Грубер.

Кога станува збор за покачување на цените на билетите, Ryanair не е изолиран случај во споредба со другите авиокомпании. Поскапувањето на билетите веќе го најави германската авиокомпанија Луфтханза.