
Ирската авиокомпанија Ryanair има намера да отвори пет нови бази во Шпанија и да го зголеми бројот на патници за 40 отсто до крајот на деценијата, објавија претставници на менаџментот.
„Целта на оваа групација е да го зголеми патничкиот сообраќај кон Шпанија од предвидените 55 милиони евра оваа година на 77 милиони евра“, рече еден од директорите Еди Вилсон и предупреди дека услов за постигнување на таа цел се конкурентните цени на Шпански пазар.
Извршниот директор на групацијата, Мајкл О’Лири, се сретна со шпанскиот премиер Педро Санчез во средината на јануари и вети инвестиции од околу пет милијарди евра во следните седум години, пренесува Независне новине.











