Рајт: Потрошувачите можат да очекуваат цените на енергијата да продолжат да паѓаат

Сообраќајот на нафта и гас низ Ормутскиот теснец „веќе се врати во нормала“ откако САД и Иран потпишаа прелиминарен договор за повторно отворање на клучната поморска рута.

Ова го изјави американскиот министер за енергетика, Крис Рајт, наведувајќи дека очекува понатамошен пад на цените на енергијата.

Зборувајќи за американската телевизија ABC News, Рајт оцени дека зголеменото производство во САД, како и растот на извозот од Венецуела, придонесуваат за стабилизација на пазарот.

„Веќе не се занимавам со прогнозирање на цените на нафтата и бензинот, но тие ќе продолжат да паѓаат. Протокот на нафта и природен гас низ теснецот веќе се врати во нормала и ќе остане така без оглед на исходот од преговорите со Иран“, рече Рајт.