Ралф Лорен по 48 години ја напушта претседателската функција во својата компанија

72

ralf loren

Ралф Лорен по 48 години ја напушта позицијата на главен извршен директор во Ralph Laure Corp. На фотелјата на Лорен ќе седне Стефан Ларсон, кој претходно ја предводеше Old Navy, пишува Newsweek.

Тој и понатаму ќе биде активен, а Ларсон со своите вештини, знаење и искуство ќе помогне во развој на компанијата.

“Јас сум возбуден за мојот бизнис и не заминувам. Мојата компанија е акционерско друштво, па од таа причина имаме одговорност да создадеме вистинско лидерство“, изјави Лорен.

Ларсон, кој има 41 година, на лидерската позиција во Old Navy е од 2012 година. За тој период овозможи подобрување и зголемување на продажбата на облеката од тој моден бренд. Претходно, има 15-годишно искуство во малопродажба на H&M.

Седумдесет и шестгодишниот Лорен започна да ја гради својата модна “империја“ пред пет децении, почнувајќи со производство на вратоврски. Со текот на годините, компанијата стана препознатлива во машките поло маици, костуми и џемпери од кашмир.