Рама: Ќе бараме поддршка од ЕУ за формирање заедничка агенција за странски инвестиции

60

Албанскиот премиер Еди Рама денеска во Белград, на прес-конференцијата на Самитот на лидерите на „Отворен Балкан“, изјави дека земјите кои се дел од иницијативата треба да побараат од ЕУ дополнителна финансиска поддршка за буџетите на трите земји поради енергетската криза и претстојната зима и најави дека ќе се формира заедничка Агенција за странски инвестиции на „Отворен Балкан“ на Србија, Албанија и Северна Македонија.

Како што рече, земјите од ЕУ имаат свои и заеднички буџети, додека земјите од „Отворен Балкан“ имаат само свои национални буџети и дека тој смета дека лидерите на Србија, Албанија и Северна Македонија треба да обратат до Брисел и другите земји членки и да побараат дополнителни финансиски поддршка за нивните буџети.

Премиерот на Албанија рече дека ќе се формира чадор-заедничка Агенција за странски инвестиции на „Отворен Балкан“, но дека ќе продолжат да постојат поединечни Агенции на сите три земји.