Раперот will.i.am продава паметна маска за 299 долари

87

Раперот wii.i.am сака од заштитните маски за лице да направи моден и технолошки напреден додаток.

Тој најави дека соработува со технолошката компанија Honeywell за да му ја претстави на пазарот XUPERMASK, заштитна маска по цена од 299 долари. Маската ќе има хепа филтри, bluetooth поврзување, лед осветлување… и батерија што трае седум часа.

XUPERMASK е дизајнирана од раперот кој е член на групата Black Eyed Peas, Honeywell и Џојс Фернандес, кој ги дизајнираше оделата за SpaceX на Илон Маск, пишува CNN.

Фото: Facebook