Распишан повик за необврзувачки понуди за Телеком Србија

19

Telekom Srbija

Агенцијата за приватизација распиша јавен повик за собирање необврзувачки понуди за учество во продажбата на капиталот на Телеком Србија. Рокот за поднесување на необврзувачки понуди е 2 август.

Право на учество во постапката имаат домашни и странски правни лица, кои ги исполнуваат квалификациските услови напишани во повикот.

Најголем акционер на Телекомот е државата Србија со 58,11% акции, 20% акции се во сопственост на компанијата, 14,95% поседуваат граѓаните, а 6,94% вработените и поранешни вработени во фирмата.

Последниот обид на српската влада да го продаде операторот не успеа во 2011 година, откако како премногу ниска, ја отфрли понудата од 1,1 милијарди евра од Телеком Австрија за 51%.