Расположението на германските потрошувачи падна втор месец по ред

Германското потрошувачко расположение падна втор месец по ред, покажува истражувањето објавено денеска на германската агенција за истражување на пазарот GfK и Нирнбершкиот институт за пазарни одлуки (НИМ).

Вредноста на индексот на расположението на потрошувачите во мартовската прогноза падна од минус 22,6 поени на минус 24,7 поени и сега е на најниско ниво од април 2024 година.

Показателите што ги мерат очекувањата за раст на личниот доход и подготвеноста за купување ослабеа во однос на минатиот месец, што одржува бавно економско закрепнување, политичка несигурност и зголемување на стечајците.

Во исто време, потрошувачите се повеќе склони кон штедење отколку во претходниот месец, бидејќи вредноста на релевантниот показател се зголеми за 1,2 поени на 9,4 поени на месечно ниво.

Сегашните бројки не покажуваат дека расположението на потрошувачите се подобрува, коментира Ролф Биркл, експерт за потрошувачи во Нирнбершкиот институт за пазарни одлуки.

Според него, брзото формирање влада по парламентарните избори во Германија и усвојувањето на буџетот за 2025 година може да има позитивно влијание врз враќањето на довербата на потрошувачите и растот на потрошувачката.

Според сегашната прогноза на Бундесбанк, германската економија ќе порасне за скромни 0,2 отсто оваа година и благо ќе забрза до 0,8 отсто во 2026 година и 0,9 отсто во 2027 година.

Германската економија се бори не само со постојани економски пречки, туку и со структурни проблеми, изјави претходно претседателот на Бундесбанк Јоаким Нагел, пренесува Танјуг.