Расположението на потрошувачите во САД е близу до историски минимум пред изборите за Конгресот

Расположението на потрошувачите во Соединетите Американски Држави малку се влоши во октомври и остана близу историски најниско ниво, според анкетата на Универзитетот во Мичиген.

На тоа влијаеја растечките цени и загриженоста за трошоците за живот, кои им одат товар на домаќинствата пред изборите за Конгресот закажани за 3 ноември, објави Ројтерс.

Индексот на расположение на потрошувачите падна на 48 поени, од 48,1 поени во септември, додека економистите анкетирани од Ројтерс очекуваа 46,3 поени.