
Расположението во германската автомобилска индустрија е малку подобрено, но американските царини сè уште се фактор што им го отежнува работењето на компаниите, според извештајот објавен од Институтот за економски истражувања (Ifo) од Минхен.
Вредноста на релевантниот индикатор се зголеми во мај од ревидираниот априлски минус 23,5 поени на минус 20,8 поени, се наведува во извештајот.
Компаниите ја оценија својата моментална деловна состојба како малку подобра отколку во претходниот месец, а се и помалку песимистички настроени во врска со наредните месеци.











