Во Берово, денес во 11 часот ќе се одржи јавната електронска распределба на 20 социјални станови во општината , на којашто ќе присуствува и министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески.
Становите ќе се распределуваат согласно Методологијата за бодирање на кандидати за добивање на социјален стан под закуп.
Во соопштението од Министерството за транспорт и врски стои дека овие станови се распределуваат јавно во присуство на апликантите и по електронски пат со помош на компјутерски софтвер во кој нема можност да се интервенира од страна на човечки фактор и кои ги бодира апликантите во согласност со Методологијата и според самата документација поднесена од нивна страна.
Проектот за изградба и одржување на социјални станови континуирано се имплементира. Во рамките на овој проект досега се распределени социјални станови во градовите Македонска Каменица, Скопје, Охрид, Кичево, Кочани, Кавадарци, Крива Паланка и Битола.