Распродажби на крипто-пазарите, повеќето валути во црвено

140

Пазарот на криптовалути и денес е во надолен тренд, а во изминатите 24 часа загуби околу 3,1 отсто од својата пазарна капитализација, која сега изнесува 2,69 трилиони долари.

Биткоинот, најпознатата криптовалута во светот,  и утрово е во „црвено“. Во последните 24 часа изгуби 3% од вредноста, а според податоците на веб-страницата Коингеко утрово (10: 30), се тргува по цена од 57.629 долари.

Во изминатата недела оваа криптовалута загуби 12,6 отсто од својата вредност.

Етреумот забележа поостар пад од 3,8 отсто во последните 24 часа, а поблаг пад од 9,8 отсто во неделата.

Оваа валута утрово се тргува по цена од 4.225 долари.