Раст на БДП на Јапонија од 1,9% во вториот квартал

32

Јапонската економија порасна побрзо во вториот квартал од 2021 година отколку што беше првично проценето, поддржана од солидни капитални трошоци, иако повторното појавување на Ковид-19 ја поткопува потрошувачката во услужниот сектор и ги замаглува понатамошните економски перспективи.

Ревидираните податоци на јапонската влада за бруто домашниот производ (БДП) покажуваат дека економијата пораснала за 1,9 проценти на годишно ниво во кварталот април-јуни, што е над првичната проценка од 1,3 проценти и над средната прогноза на економистите кои предвиде раст од 1,6 проценти, пренесува Ројтерс. Новите податоци доаѓаат откако премиерот Јошихиде Суга минатиот петок објави оставка, со што се отвори патот за другите кандидати во трката за шеф на владејачката партија на 29 септември да ги претстават своите планови за заживување на третата најголема светска економија.

Економското закрепнување на Јапонија останува кревко поради бавниот процес на вакцинација против ковид и затоа што мерките за ограничување на корона ја попречуваат активноста на приватниот сектор.