Раст на берзите и пченицата, пад на нафтата и златото по најавите за мировни преговори

Денес, европските берзански индекси се претежно во благ пораст, цените на нафтата и златото паднаа со истовремен пораст на цените на пченицата, додека инвеститорите ги следат најновите деловни резултати на британскиот Водафон и швајцарската осигурителна компанија Свис Лајф, како и актуелните геополитички настани.
Американскиот претседател Трамп по вчерашниот разговор со рускиот претседател Путин изјави дека Русија и Украина веднаш ќе започнат преговори за прекин на огнот.

Кремљ, сепак, предупреди дека процесот ќе потрае, а Трамп посочи дека не е подготвен да се придружи на Европа и да воведе дополнителни санкции врз Москва, објавија медиумите.

Денес во 9:15 часот, индексот DAX на Франкфуртската берза порасна за 0,23 проценти на 23.961,38 поени, лондонскиот FTSE 100 за 0,25 проценти на 8.722,59 поени, францускиот CAC 40 за 0,13 проценти на 7.894,46 поени, додека московскиот MOEX падна за 1,07 проценти на 2.854,06 поени.

Вредноста на американскиот берзански индекс Дау Џонс порасна за 0,32 проценти на 42.792,07 поени, индексот S&P 500 за 0,09 проценти на 5.963,60 поени, а вредноста на индексот Nasdaq за 0,02 проценти на 19.215,46 поени.

Европските фјучерси за гас за јуни беа продадени на отворањето на берзата TTF по цена од 35 евра за мегават-час.

Според актуелните податоци од берзата, цената на суровата нафта падна за 0,29 проценти на 61.930 долари, а цената на нафтата од типот Брент за 0,39 на 65.299 долари.

Цената на златото падна на 3.211,80 долари за унца, а цената на пченицата се искачи на 5,3407 долари за бушел (еден бушел е еднаков на 27,216 кг).

Вредноста на еврото во однос на доларот на берзата Форекс е 1,12626, што е за 0,20 проценти повисока отколку на почетокот на тргувањето.