Цените на нафтата на светските берзи пораснаа минатата недела, достигнувајќи нови највисоки нивоа за повеќе од седум години, бидејќи трговците стравуваат од прекини во снабдувањето поради украинската криза, објави Кликс.
Ова е шеста недела по ред како поскапуваат нафтата на светските берзи.
Цената на барелот на лондонскиот пазар минатата недела порасна за 2,4 отсто на 90,03 долари, додека цената на барелот на американскиот пазар порасна за 2 отсто на 86,82 долари.
Оваа недела трговците ќе се фокусираат на состанокот на ОПЕК и другите големи светски производители, на кој ќе се преиспита производната политика и планот за зголемување на производството во март за 400 илјади барели дневно.











