Раст на добивката, приходите и бројот на корисници во Вип

22

Мобилниот оператор Вип објави раст на приходите и добивката во третиот квартал од годината, како и зголемување на пазарниот удел.

Деловните резултати од третиот кавртал од годината покажуваат дека приходите на Вип пораснале за 7% до речиси 18 милиони евра, како резултат од поголемиот број на постпејд корисници и поголемиот сообраќај.

Заработката пред камати, даноци, депрецијација и амортизација (ЕБИТДА) пораснала за 34%, споредено со третиот квартал минатата година, до повеќе од пет милиони евра. Во истиот период, оперативната добивка  двојно се зголемила.

Бројот на корисници на Вип надминал 645.000, што претставува зголемување од 3% споредено со истиот период минатата година.

Oператор го зголемиl својот пазарен удел до 28,2%, засилувајќи ја својата предност пред третиот играч на пазарот, стои во соопштението.

“Навистина сме горди и задоволни што Вип оператор ја одржува континуираната динамика на раст. Растот на нашата корисничка база и повисоката профитабилност овозможува Вип операторот да продолжи да инвестира во технологија која ќе го обезбеди следното ниво на  корисничко искуство, како и да обезбеди повеќе вредност за македонските граѓани”, изјави Питер Цидек, Главен финансиски директор на Вип.

Оваа година, Вип инвестираше 10,3 милиони евра во ЛТЕ лиценца и дополнителен спектар на фреквенции со цел да го подобри квалитетот на своето портфолио на услуги.