Раст на глобалниот воздушен сообраќај од 67 отсто во јануари

62

Глобалниот воздушен сообраќај во јануари порасна за 67 отсто на годишно ниво, благодарение на продолжувањето на нагорниот тренд на побарувачката за патувања, соопшти Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (ИАТА).

„Побарувачката за авионски патувања е многу добра за почетокот на 2023 година“, рече Вили Волш, генерален директор на ИАТА.

Меѓународниот воздушен сообраќај се зголеми повеќе од двојно во однос на претходната година, при што сите пазари забележаа силен раст, предводени од авиокомпаниите во азиско-пацифичкиот регион.

Волш истакна дека брзото укинување на ограничувањата на „Ковид-19“ на кинеските домашни и меѓународни патувања ќе го поддржи закрепнувањето на секторот оваа година.

„И што е најважно, не видовме многу економски и геополитички несигурности кои ја намалуваат побарувачката за патувања“, рече Волш.