Раст на грчкото БДП во вториот квартал

39

growthГрчката економија е на пат да се опорави, изјави грчкиот министер за финансии Јанис Стурнарас, повикувајќи се на проценките на владата, според кои во второто тримесечје е забележан раст, пишува Seebiz.

“Според достапните показатели, економијата во вториот квартал е порасната во однос на првото тромесечје и тоа прв пат од почетокот на кризата, судејќи според сезонски прилагодените податоци. По прв пат во владата проценуваме дека БДП-то во вториот квартал е зголемено во однос на претходниот квартал”, изјави Стурнарас.

Грција не објавува статистики за движењето на БДП во однос не претходното тримесечје, туку само во споредба со истиот период минатата година. Според неодамна објавените податоци, грчката економија во вториот квартал е намалена за 3,8% на годишно ниво. Во претходните проценки, владата предвидуваше пад од 4,2%.