Раст на индустриското производство во декември 2013 година

24

Индустриското производство во текот на минатата година забележа раст од 3,2%, а во декември 2013 година во однос на декември 2012 година забележа пораст од 9,5%, објави Државниот завод за статистика.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во декември 2013 година, во однос на декември 2012 година, бележи опаѓање од 4,2%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 13,1%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 1,9%.
Според главните индустриски групи, производството во декември 2013 година, во однос на декември 2012 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 4,8%, Капитални производи за 43,8%, Трајни производи за широка потрошувачка за 4,3% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 14,2%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 7,1%.
Индексот на индустриското производство во периодот јануари-декември 2013 година, во однос на периодот јануари-декември 2012 година, изнесува 103.2.