Раст на кредитите и депозитите на корпоративниот сектор во март

15

Фото: Pixabay

Во март 2019 година, вкупните депозити на корпоративниот сектор се повисоки за 0,3% на месечно ниво. Растот произлегува од зголемувањето на долгорочните денарски депозити, краткорочните депозити во странска валута и депозитните пари, којшто делумно е неутрализиран преку падот на краткорочните депозити во денари и долгорочните депозити во странска валута. Анализирано на годишна основа, депозитите на корпоративниот сектор растат со 12,1%, во најголем дел заради зголемувањето на депозитните пари и на краткорочните депозити во странска валута и во денари, при помал, но позитивен придонес и на долгорочните депозити (во странска валута и во денари), покажуваат податоците на Народна банка.

Кредитите на корпоративниот сектор, во март 2019 година, забележаа зголемување на месечна и годишна основа од 1,0% и 8,2%, соодветно. Гледано по валутната структура, поголемо учество кон месечниот раст имаат кредитите одобрени во странска валута, додека годишниот раст во најголем дел се должи на кредитите одобрени во денари.