Раст на продажбата на монтажни куќи во БиХ за 60%

186

montazna

По поплавите кои опустошија цели населени места, кои предизвикаа голем број на свлечишта и оставија многу луѓе без покрив над главата, побарувачката за монтажни куќи во БиХ скокна за 60%.

Монтажните куќи се добро решение за загрозените од поплавите, затоа што можат да се подигнат за два месеци, за разлика од ѕиданите, пишува Независне новине.

Според производителите на вакви куќи, интересот е поголем за помалите куќи, од 50 или 60 квадрати, кои се во сивата фаза, односно во кои не се завршени работите во внатрешноста, а чија цена се движи од 130 евра за метар квадратен.