Раст на продажбата на нови автомобили во Германија

16

Во Германија во јануари се продадени 213.500 нови автомобили, што е за 19,1 отсто повеќе во однос на истиот период минатата година, пренесува француската новинска агенција АФП, соопшти  Федералната канцеларија за моторни возила КБА.
Сепак, експертите предупредуваат дека германската автомобилска индустрија има уште една година предизвици пред себе.

Според податоците на Федералната транспортна управа KБA, минатиот месец во Германија биле новорегистрирани 213.553 автомобили, што е за 19,2 отсто повеќе од минатата година во јануари. Како што објаснуваат од КБА, овој скок е резултат на компаративните перформанси со слабите продажни резултати во јануари 2023 година.

Нешто помалку од 22.500 целосно електрични автомобили беа новорегистрирани во јануари оваа година, што е втора најниска бројка од јануари 2023 година, изјави за АФП Константин М. Гал од аналитичката компанија EY, додавајќи дека е многу малку веројатен пресвртот во продажбата на тие автомобили оваа година.

Секторот на електрични автомобили доживеа удар кон крајот на минатата година кога владата неочекувано објави крај на стимулациите за потрошувачите да се префрлат на електрични автомобили. Таа се одлучи на овој чекор откако Уставниот суд пресуди дека неискористените средства за ублажување на кризата за време на пандемијата „Ковид-19“ не смеат да бидат пренасочени за финансирање мерки за борба против климатските промени како дел од зелената транзиција.

Со оглед на тековните несигурности на пазарот на електрични автомобили, „многу купувачи на нови автомобили повторно ќе се одлучат за автомобили со мотори со внатрешно согорување или ќе ја одложат својата одлука за купување“, понатаму проценува Гал.