Раст на прометот во трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун

67

Според податоците на Државниот завод за статистика, во трговијата на мало, во октомври 2023 година, во споредба со октомври 2022 година, гледано по групи и класи, зголемување на прометот во номиналната и реалната стапка е забележано само кај групата Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун, и тоа за 7.0 % номинално и 4.3 % реално.

Во групата Трговија на мало, освен трговија со горива номинално расте за 3.2 %, а реално опаѓа за 0.9 %. Пад и во двете стапки е забележан во групите Трговија на мало со автомобилски горива (номинално за 20.5 %, а реално за 13.9 %) и во Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво (номинално за 0.6 % и реално за 5.9 %).